Старец на возраст од 93 години го загуби животот во пожарот што се случи во високатница во Битола.
Според соопштението на СВР Битола, станува збор за лицето Ј.Ј. (93 г.) кој живеел во зградата на 12 кат.
Пожарот се случи утрово околу 04.40 часот кога било пријавено дека настанал пожар во стан булевар „1-ви Мај“ во Битола.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, која во гаснењето на пожарот ги ангажирала сите расположливи средства и луѓе.
Во прво време во гаснењето на пожарот учествувале две против пожарни возила со 8 пожарникари, но кога пожарникарите виделе за каков пожар се работи веднаш е побарана помош од колегите па пожарот го гаснеле со 5 противпожарни возила и 33 пожарникари.
Фото: Тера.мк