Кошаркарот на Филаделфија Севентисиксерс, Џоел Ембид, најверојатно нема да игра на третиот натпревар од серијата против Мајами Хит. Оваа информација ја соопштија од клубот, но сепак постои одреден оптимизам дека Ембид ќе може да настапи на натпреварот број три кој ќе се игра во Филаделфија.
Ембид заработи скршеница на десната орбитална коска во шестиот натпревар од серијата со Торонто Репторс, а тоа го принуди да отсуствува на првите два натпревари од серијата со Мајами.
Повредата што го одвои Ембид од паркетот на почетокот на серијата со Хит се случи пред крајот на шестиот натпревар со Репторс при убедливото водство на Филаделфија.
Голем дел од кошаркарската јавност го критикуваше тренерот, Док Риверс, поради тоа што го задржа својот најдобар играч во игра во тоа време.
Од друга страна, Хит беше ослабен во првите два натпревари со неиграњето на Кајл Лаури, кој исто така е повреден.
Голема е веројатноста дека Лаури ќе игра во натпреварот број три.
Мајами лесно ја совлада Филаделфија во првите два натпревари и доколку Ембид не се врати на паркетот, Сиксерси ќе имаат тешко задача да ја добијат оваа серија.