Шпанскиот врсник „Марка” објави денеска дека уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (35) сака да се врати во редовите на Барселона и за таков чекор е подготвен да се согласи и на помала плата.
Според весникот, Барселона е запозната со намерата на Суарез и ја одржи отворена опцијата за негово враќање во клубот во кој мина шест сезони и на 283 натпревари постигна 198 голови.
Изминатите две сезони Уругваецот е член на мадридски Атлетико, но не е во истата голгетерска форма.
Сезонава Суарез на 42 натпревари постигна само 13 голови.