Телото на убиениот новинар Луис Енрике Рамирез Рамос е пронајдено во северниот дел на Мексико. Тој е деветти новинар убиен во Мексико оваа година, поради што државата спаѓа меѓу најопасните места за медиумските работници надвор од воените зони.
Локалната полиција соопшти дека неговото тело било пронајдено на пат во државата Синалоа.
Порталот за кој работеше „Fuentes Fidedignas” (Доверлив извор) објави дека фоторепортерот Рамирес Рамос (59), претходно бил киднапиран во близина на неговиот дом.
Порталот помалку се занимавал со нарко-картелите, но подетално ги истражувал политичарите, што исто така претставува опасност за новинарите во Мексико.
Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека жали за убиството и ги повика властите итно да го истражат случајот.
Мексиканската федерална влада е критикувана дека не работи на превенција, а оценето е дека „недоволно ги истражува” убиствата.