Актерките од филмовите за возрасни ги открија своите искуства од снимањето во оваа индустрија, жалејќи се дека нивната работа воопшто не е лесна, туку дека бара многу труд кој трае и до 18 часа дневно, но и дека ги спречува да си најдат партнер.
Една од нив, актерката Дени Дениелс, откри дека оваа работа е исцрпувачка и дека често во работните денови не стигнува да се слушне со блиските.
„Работиме и по 16 часа девно. Цел ден е исполнет, а вие само дејствувате. На крајот, немате сила ни да им се јавите на блиските. Едноставно не можете да стоите на нозе“, се пожали таа.
Младата 22-годишна Американка Блејк Блосом објасни дека интензивното работно време на оваа работа не е чудно, а во своето искуство што го сподели Daily Star откри дека со оваа работа почнала да се занимава за време на изолацијата.
„Неодамна поминав цели три месеци надвор од градот поради снимањето. Обично треба да поминеме 5 до 8 часа на сетот, но снимањето покомплицирани сцени може да потрае и 14 до 18 часа“, рече таа.
Воедно, Блејк откри дека минимум 10 часа неделно поминува на монтирање на своите снимки, а работата, како што вели, вклучува секојдневно ажурирање на социјалните мрежи и проверка на мејлови кои не смеат да бидат запоставени.
„Кога доаѓа седмица со пополнет работен распоред, таа никогаш не трае помалку од 12 часа на ден, додека полежерните обично ги завршуваме за 8 часа“, рече Блејк.
Од друга страна, за 30-годишната Рајли Рид од Флорида, најголемиот проблем е што се чувствува тажно и осамено бидејќи ретко кој сака да се забавува со личност која работи ваков тип на работа.
„Луѓето не сакаат да излегуваат со мене бидејќи сум позната порно ѕвезда – и тоа е најголемиот предизвик за оние кои се заинтересирани за мене“, рече таа.
Рид додаде дека нејзините поранешни партнери постојано се обидувале да ја принудат да се откаже од работата.
„На состаноците често ми велеа нешто како ‘Ќе те натерам да престанеш да снимаш такви филмови’ или се обидуваа да ме предомислат“, се пожали Рајли, која не ги спомна плановите да ја смени работата, но рече дека се помирила со тоа дека ќе биде една од оние „луди жени опкружени со 100 кучиња“.