На 05.05.2022 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од село Слупчане, општина Липково. Тој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување на затворска казна од три години и четири месеци за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” по член 396 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.