Алегри застана во одбрана на играчите на Јувентус по поразот од Џенова

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по поразот од Џенова синоќа со 2:1 на гостински терен во рамките на 36. коло на италијанскиот шампионат, застана во дојде во одбрана на своите фудбалери.

Предводникот на Јувентус направи ротација во составот со цел да ги зачува свежи некои од играчите пред финалето на Купот на Италија.

– Ова беше една од најдобрите игри на Влаховиќ од технички аспект. Многу сум задоволен од начинот на кој играше. Се обидов да објаснам претходно, но ме нападнаа, бидејќи сум го уништувал Влаховиќ. Тој нема многу настапи во Серија А и треба да најдеме рамнотежа. Следната сезона ќе видиме дефинитивно подобра верзија од него. Треба да разбере дека не потфрли ако не даде гол. Кин обично дава гол со само половина шанса, денеска имаше пет-шест шанси, но не реализира – таков е фудбалот. Тој сега има повеќе искуство, и покрај тоа што е многу млад, но исто така треба да игра полесно и да не троши толку многу енергија на одредени моменти кои навистина не помагаат, изјави Алегри за „Фудбал Италија”.

Јувентус е на 4.место со 69 бодови, додека Џенова е 18-та во Серија А со 28 бодови.

Треба да знаете
Последни објави