Барселона славеше на гостувањето кај Бетис со 2-1 во рамки на 35.коло во Ла Лига и математички обезбеди пласман во Лигата на шампиони.
По првото полувреме мрежите мируваа, па на пауза се замина со почетните 0-0.
Истиот резултат на семафорот во Севилја стоеше и во поголемиот дел од второто полувреме, а за нешто да се промени на теренот мораше во игра да влезе младата ѕвезда на Каталонците, Ансу Фати кој по тешката повреда конечно се врати во тимот на Барса.
Младиот шпански репрезентативец во игра влезе во 75. минута, а само една минута му беше доволна за да го постигне и првиот гол по враќањето на терените.
Сепак, поранешниот фудбалер на Каталонците Марк Батра израмни на 1-1 три минути подоцна.
Победата на гостите од Барселона им ја обезбеди Жорди Алба во 94.минута со одличен волеј, по асистенциј на Алвеш.
Барселона сега е втора со 69 бодови, пет повеќе од Севилја и осум од Атлетико Мадрид, кои се на третото односно четвртото место.
Каталонците и официјално следната сезона ќе играат во Лигата на шампиони.