Тенискиот спектакл во Мадрид, во кој младиот Карлос Алкараз после огромна три ипол часовна борба го совлада Новак Ѓоковиќ, потврди дека шпанскиот тинејџер е новата ѕвезда во овој спорт, а тој покажа и психичка стабилност.
Ѓоковиќ му честиташе на 16 години помладиот колега, и искажа многу пофалби за него, а задоволен е и од својата форма.
„Морам да му честитам, ја заслужи победата. Одлично ги контролираше нервите во клучните моменти. Импресивно е да се види играч на негови години да игра вака зрело и храбро. Разочаран сум што не искористив некои шанси во вториот и третиот сет, Карлос ги користеше и секоја чест за него. Играв добро, најдобро годинава, ќе извлечам доста позитивни работи од оваа недела“ – рече Ѓоковиќ кој призна дека денеска потфрли во ритернот, а следен предизвик му е Мастерсот во Рим.