Аспиликуета следната сезона во Барселона

Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета ќе ја продолжи кариерата во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Иако Челзи на крајот на март ја активираше клаузулата во договорот на Аспиликуета и автоматски му го продолжи договорот на уште една година, тој имал договорот со клубот дека ќе добие дозвола да замине бесплатно доколку пристигнат нови сопственици, открива „АС“.

Аспиликуета веќе ги договорил условите со каталонскиот клуб, ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година, а ќе заработува дури 13 милиони евра по сезона.

Дефанзивецот одбележа една цела декада во дресот на Челси во која успеа да стигне до сите можни трофеи. Тој се враќа во домашната за него Примера, по повеќе од една деценија, кога одигра неколку сезони во својот матичен клуб Осасуна.

Тоа ќе биде втор трансфер од Челзи во Барселона, откако претходно и Кристенсен се договори со Каталонците и ќе пристигне како слободен агент.

Треба да знаете
Последни објави