Денеска во Скопје се одржа редовното собрание на Ракометната федерација на Македонија на која беа донесени одлуки за измена на системот на натпреварување во супер лигите.
Во елитното натпреварување во машка и женска конкуренција од следната сезона ќе настапуваат по 16 клуба кои ќе бидат поделени во две групи по осум, а четирите најдобри по оваа фаза ќе се пласираат во разигрувањето за шампионската титула каде ќе одиграат вкупно осум натпревари бидејќи ќе се сретнат само со противниците од другата група.
Кај мажите екипите што ќе се пласираат во завршната битка за титулата влегуваат со бодови од нула до три во зависност од пласманот додека кај дамите клубовите во плеј офот ги пренесуваат бодовите освоени во првата фаза од натпреварувањето. Истиот систем ќе важи и за плеј аутот каде осум екипи ќе се борат за опстанок во елитата.