Верстапен по преземање на водството не им дозволи на ривалите да го преминат, иако проблем му направи „жолтото знаменце“ по судирот на Ландо Норис, кој предвреме ја заврши трката, а тоа му дозволи на Леклер и Саинц да му се приближат.
Леклер даде сè од себе и неколку пати го нападна шампионот, но Верстапен успешно се бранеше, додека Саинц имаше проблеми со Серхио Перез, но сепак го одбрани третото место и се искачи на подиумот.
Веднаш зад оваа четворка завршија двата возачи на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.