Фудбалерите на Верона и Милан ги одмерија силите на стадионот „Марк’Антонио Бентегоди“ во Верона, во 36. коло од Серија А. „Росонерите“ беа под императив на победа со оглед на тоа што со Интер водат жестока битка за титулата.
Домаќините поведоа во 38 минута со голот на Фараони 1:0, а во финишот на првиот дел гостите израмнија преку Тонали на 1:1.
Во вториот дел Милан стигнува до пресврт, за 1:2 повторно погодува Тонали, а Леао повторно му асистираше. Конечните 1:3 и потврда за победата на Милан ги носи Флоренци во 87 минута од натпреварот.
Во Серија А денеска се одиграа уште три меча: Специја – Аталанта 1:3, Венеција – Болоња 4:3 и Салернитана – Каљари 1:1.
Останаа уште две кола до крајот на сезоната, Милан веќе во следното може да го обезбеди Скудетото, прво после 11 години. Играчите на Пиоли на 15 мај ќе ја пречекаат Аталанта, а Интер истиот ден му гостува на Каљари.
Табела: Милан 80 бодови, Интер 78, Наполи 73, Јувентус 69, Лацио 62, Рома 59, Аталанта 59