Светскиот првак во лесна категорија во УФЦ, Бразилецот Чарлс Оливеира е првиот Ултимејт фајт борец што победи, а ја загубил титула откако на мерењето беше потежок за 230 грама.
Во лесна категорија може да се борат само натпреварувачи до 70 килограми, а Оливеира на мерењето имаше 230 грама повеќе, пред битката со Џастин Гејџи. Му беше дозволено за еден час да се обиде да ја симне килажата, односно вишокот од 230 грама, но повторното мерење покажа иста тежина кај светскиот првак и епилогот е интересен.
На Оливеира му беше дозволено да се е бори со Гејџи, но со услов ако победи ќе остане без титула, па со таков исход би немало светски првак. Тоа се случи, го совлада Геjџи уште во првата рунда.
Работите не изгледаа добро за Оливеира, откако Гејџи двапати го прати на подот во првата рунда, но избегна дуел на партер, а тоа се покажа како клучна грешка. Оливеира се врати и со комбинација на бокс, колена и удари со нозете „До Брокс“ го „седна“ противникот и успеа да го задуши, по што Американецот мораше да се предаде.
#UFC274 would never thought oliveira would drop gaethje pic.twitter.com/kUHIvtpyPZ
— boomgirl???????? (@THERealBoomgirl) May 8, 2022
Беше тоа втор обид на Џастин Гатје да го освои шампионскиот појаз, но повторно е сопрен исто како во октомври 2020 и борбата со Хабиб Нурмагомедов.
Оливеира сега има 11 победи во низа, а меѓу неговите жртви беа и Дастин Пориер, Мајкл Чендлер, Кевин Ли и Тони Фергусон. По мечот, тој прати порака до Конор Мек Грегор.
-Ова е порака до сите во категоријата, бидејќи јас сум им проблем. Погледнете ме, јас сум просветлениот, тоа е моја титула. Еј, Конор Мек Грегор, ќе дојдеш или повторно ќе избегаш, изјави Оливеира.
Сепак, Бразилецот ќе мора да причека бидејќи ќе морада ја освои титулата о дуел против следниот предизвикувач.