Екипата на Голден Стејт Вориорс забележа убедлива победа над Мемфис Гризлис и поведе со 2-1 во полуфиналната серија од Западната конференција во НБА лигата. На свој терен Вориорси одиграа неверојатен натпревар и со 30 поени разлика го „размонтираа“ противникот (142-112). Нападот функционираше беспрекорно, избраниците на Стив Кер шутираа со фантастични 63% од поле, не дозволувајќи им на гостите во ниту еден момент да се понадеваат на триумф.
Гостите од Мемфис сила за надигрување имаа само во првата четвртина, која и заврши во нивна полза, но потоа следуваше доминација на Кари и дружината. Клучен период беше третата четвртина, која што заврши со 37-23 за Голден Стејт, па во финалните 12 минути домаќините само го зголемија водството и се изборија за убедлив триумф од 30 поени разлика.
Стеф Кари со 30 поени беше водечка сила во редовите на Вориорси, а Томпсон запиша 21 со девет скока. Кај поразениот тим Морент имаше 34 поени, а Бејн 16.
Уште поголем проблем од поразот за Мемфис е повредата на најдобриот ракометар на „гризлите“, Џа Морант, кој го повреди коленото при еден дуел со Џордан Пул. Морант со потешкотии се движеше при напуштањето на салата, па останува да се види дали тој ќе може да му помогне на тимот на четвртиот меч од оваа плејоф-серија.
Милвоки бакс, пак ,во драматична завршница стигнаа до 103:101 победа над Бостон селтикс за 2:1 водство во полуфиналето на Истокот.
Бакси водеа во поголемиот дел од мечот и во последната четвртин влегоа со предност од 13 поени, но Селтикс успеаја да дојдат до 99:100 водство со двете слободни фрлања на Џејлен Браун.
Но, Јанис Адетокумбо постигна поени за 101:100, а потоа прецизен беше и Џру Холидеј, по што на Селтикси им беше потребна тројка. Браун се обиде да постигне тројка и беше фаулиран, но судиите решија дека треба да изведува две слободни фрлања – тој намерно го утна второто, по што направи скок и се обиде да поентира, по што топката дојде кај ветеранот Ал Хорфорд, кој поентираше, но мечот веќе беше завршен.
Адетокумбо го заврши мечот со 42 поени, 12 скока и 8 асистенции, Холидеј заврши со 25 поени. Целосно потфрли првата ѕвезда на Босон, Тејтум кој уфрли десет коша со шут 4-19, а најдобар беше Браун со 27 поени.