Немања Матиќ ќе го раскине договорот со Манчестер јунајтед една сезона порано и летово како слободен агент ќе се пресели во Италија.
За Србинот имаше голем интерес од Рома и тоа по инсистирање на Жозе Мурињо, но фудбалерот од средниот ред е поблизу до Јувентус.
Тимот од Торино не можеше да му даде иста плата на Матиќ како во Манчестер Јунајтед, но се подготвени да му уплатат 12.000.000 евра на сметка веднаш штом дојде и стави потпис на договорот. Неговата неделна плата во Јувентус би изнесувала околу 100.000 евра.
Матиќ оваа сезона одигра 32 натпревари за „црвените ѓаволи“ и забележа четири асистенции. Ќе потсетиме, Матиќ заминувањет од Манчестер Јунајтед го потврди уште пред неколку недели.
Матиќ пред Манчестер јунајтед играше за Челси, а претходно беше и во Бенфика.