Рускиот боксер, Дмитри Бивол славеше во мечот за титулата во лесна категорија и тоа сензационално над фаворизираниот Канело Алварез во „Т-Мобајл“ арената во Лас Вегас пред 20 илјади навивачи.
Русинот го шокираше Алварез, неговата уништена армија навивачи и цело Мексико и ја задржа титулата ВБА во полутешка категорија.
31-годишниот Бивол го подобри својот рекорд на совршени 20-0, но ниту една од неговите претходни победи не се приближува до големината на оваа крајно доминантна победа над славниот Алварез.
Русинот беше далеку подобар во текот на целата борба за на крајот сосема заслужено, на поени со 115:113 да дојде до триумфот. За Алварез кој што беше огромен фаворит, ова е втор пораз во кариерата, прв по пауза од девет години откако загуби од Флојд Мејведер.
Бивол, пак, сè уште нема пораз во својата кариера и има скор од 20:0, од кои 11 победи има со нокаут.
„Тоа е боксот, некогаш губиш а некогаш победуваш. Сега јас заслужено загубив и тука нема никакво ‘плачење’. Честитки за Бивол за победата и се надевам дека пак ќе се сретнеме“ изјави Алварез по средбата.