Манчестер сити не пропушти шанса со победа против Њукасл да направи три бода предност пред Ливерпул и е многу блиску до одбрана на титулата во англиското првенство.
Популарните Граѓани го декласираа ривалот со 5:0 и сега имаат 86 бода, три повеќе од единствениот конкурент Ливерпул.
Рахим Стерлинг и Ејмерик Лапорт со голови во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околку победникот на „Етихад“, а триумфот го потврдија Родри, Фоден и Стерлинг со нов гол во второто полувреме.
Ливерпул вчера на успеа да го победи Тотенхем, ремизираше дома 1:1 и има мали шанси за подвиг и за освојување на 20-та шампионска круна.