Германецот се одмазди за поразот од Гркот во полуфиналето на мастерсот во Монте Карло и сега ќе ја брани титулата против Карлос Алкараз, кој го победи Ѓоковиќ.
Првиот сет го освои со 6-4, но Циципас врати во вториот со 3-6. Во решавачкиот сет беше 6-2 за Зверев.
За третиот светски рекет ова е 10-то финале на мастерс турнирите во кариерата и ќе ја бара шестата титула.
Финалето денеска помеѓу Алкараз и Зверев е закажано со почеток од 18:30 часот.