Филип Панчевски и Моника Стојковска, двајцата од Шаховскиот клуб Алкалоид, се новите државни шампиони на Република Северна Македонија во шах.
Зад Панчевски, со по седум поени, се најдоа Емил Ристески и Роберт Велески.
Додека, на женското првенство на кое се пријавија 12 учеснички, зад Стојковска, која освои шест од седум можни поени се најдоа Габриела Коскоска со 5 поени и Ивана Манова е трета со 4,5 поени.
Отвореното Првенство на Македонија 2022 се одржа вчера во Хотелот Континентал во Скопје