Тој ненамерно беше удрен од соиграч, по што се судри со противнички играч и падна на паркетот удирајќи со главата силно во паркетот.
„Жижиќ го проголтал јазикот и останал без воздух, што предизвика шок во салата и десетминутен прекин додека му се укажуваше помош“, пишува „Јутарњи лист“.
Според хрватските медиуми, на кошаркарот морало да му се даде анастезија, односно да биде успиен пред да биде пренесен во болница на дополнителни испитување, со цел да не чувствува болка. Жижиќ е еден од најнесреќните европски кошаркари, со оглед што како играч на Цибона му беше скршена вилицата на меч против Крка од АБА-лигата, додека како член на Кливленд на средбата против Денвер доби силен удар во вратот, по што му беше пореметен центарот за рамнотежа, поради што долго беше надвор од теренот.
„Какви ќе бидат последиците од падот дополнително ќе биде утврдено, но засега е сигурно дека се работи за посериозен потрес на мозокот“, дополнува „Јутарњи лист“.
Жижиќ е добро познат и на навивачите на МЗТ Скопје, со оглед на неговата ѕверска партија во дресот на Цибона на средбата против македонскиот првак пред шест години во Аеродром, на која постигна 37 поени со 20 скока во триумфот по две продолженија на составот од Загреб.