Халанд се сели во Сити, ќе биде најплатен фудбалер во Премиер

Оваа недела ќе биде потврден трансферот на норвешкиот фудбалчски интеранционалец Ерлинг Халанд во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер сити. Од овој трансфер бундеслигашот Борусија Дортмунд ќе ја добие веднаш целата сума од 75 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула за Халанд.

Се очекува Норвежанецот да биде најплатен играч во Премиер лигата со бруто плата од 30 милиони фунти по сезона! Како што пренесува Скај Германија, Ерлинг Халанд го известил раководството на Борусија Дортмунд дека ова е неговата последната сезона, а во исто време, генералниот извршен директор на Манчестер Сити, Феран Соријано му пренел на својот колега Ханс Јоаким Вацке дека „граѓаните“ ќе ја активираат откупната клаузула од 75 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави