Нкути Гатва ќе биде првиот афроамерински актер што ќе ја има главната улога во британската научнофантастична серија Doctor Who („Доктор Ху“) преземајќи ја должноста од Џоди Витaкeр како 14. инкарнација на Господарот на времето (Time Lord), објави „Би-би-си“.
29-годишниот Шкотланѓанец, ѕвезда на хитот на „Нетфликс“, „Сексуално образование“, на својот Инстграм-профил сподели две срца плус син квадрат, што го претставува докторовиот Тардис, полициска телефонска говорница што патува низ времето, пред веста да биде потврдена од страна на британскиот јавен сервис.
Гетва, кој е роден во Руанда, рече дека веста ја чувал во тајност откако ја добил улогата во февруари.
„Тоа е неверојатно култна улога и неверојатно култна серија , и се надевам дека ќе тоа ќе го направам како што треба,“ рече тој на црвениот тепих за телевизиските награди „Бафта“, каде што беше номиниран за најдобра машка улога во комедија („Сексуално образование“).