Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд и дефинитивно прави голем трансфер во Манчестер Сити. Тоа стана јасно во текот на денот, а сега излезе и првата официјална фотографија на еден од најдобрите голгетери во дресот на „граѓаните“.
Ерлинг Халанд денеска ги минал медицинските прегледи во Манчестер Сити, ги договорил сите детали и се враќа во Дортмунд. Сега Манчестер Сити треба да ја плати отштетнната клаузула од 75 милиони евра, по што во првите денови од летниот преоден рок трансферот и официјално ќе биде реализиран.
Ерлинг Халанд тргнува по стапките на неговиот татко кој исто така го носеше дресот на Манчестер Сити.