Прв поглед на немаскирана Натали Портман како Моќниот Тор

Фановите на „Марвел“ минатиот месец беа воодушевени од трејлерот за „Тор: Љубов и молња“ (Thor: Love and Thunder), а сега се откриваат некои работи за филмот, чија премиера се очекува во јули.

Режисерот и косценарист Таика Ваитити за „Емпајер“ објаснува зошто ја вратиле Џејн Фостер во приказната.

Џејн Фостер како носител на чеканот на богот на громот првпат беше истражена во стрипот на Џејсон Арон „Моќниот Тор“ во 2015 година. „Не знаев дека ќе ја искористиме приказната за ликот на Моќниот Тор додека не почнавме да ја разработуваме вистинската приказна. Го пишував сценариото и си реков: зарем не би било убаво да ја вратам Џејн во приказната?“

„Сигурно не сакате Натали да го глуми истиот лик кој се шета со научна опрема. Додека Тор лета наоколу, таа е оставена на Земјата, чекајќи да се врати. Тоа е досадно. Сакате таа да биде дел од авантурата“, додаде Ваитити.

Во „Љубов и молња“ глумат Крис Хемсворт како Тор, Натали Портман како Моќниот Тор – нејзиното ново алтер его, Кристијан Бејл како Гор, Теса Томпсон како Валкири, а режисерот Таика Вејтити ќе го портретира Корг.

Премиерата на филмот во киносалите е закажана на 7 јули.

Треба да знаете
Последни објави