Ѓоковиќ останув прв рекет, Алкараз се проби до шестото место

Србионот Новак Ѓоковиќ останува светски тениски рекет број еден и нареднава недела. Тој ја  започна 369-та  недела на првото место на АТП листата. Пласманот во полуфиналето во Мадрид за Ѓоковиќ беше доволен да остане лидер.

Зад српскиот тенисер остана Данил Медведев кој е пред Александар Зверев, Рафаел Надал и Стефанос Циципас.

Најголем скок на АТП листата со пробивањето на шестото место направи 19-годишниот шпански тенисер Карлос Алкараз кој ги елиминираше Ѓоковиќ, Надал и славеше против Зверев во финалето за титула во Мадрид.

Во женска конкуренција на врвот е Ига Швјонтек од Полска пред Барбара Крејчикова и Паула Бадоса. Освојувачката на турнирот во Мадрид Онс Жабер направи скок од три места и дојде до седмата позиција.

Треба да знаете
Последни објави