Трејлерот кој многу фанови го чекаа конечно е тука.„Дизни“ го објави првиот официјален тизер за долгоочекуваното продолжение на научнофантастичниот спектакл „Аватар“, и се чини дека вредеше да се чека.
Трејлерот започнува со главниот лик Џејк Сали (Сем Вортингтон) како јава крилести банши кон нова локација опкружена со азурно сина вода. На гледачите подоцна им се прикажува нов лик како плива, како и воодушевувачки сцени со Нави под вода.
Сместен повеќе од една деценија по настаните од првиот филм, продолжението со наслов „Аватар: Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water), ја раскажува приказната за семејството на Сали, неволјите што ги придружуваат и битките што ги водат за да останат живи.
Филмот, во режија на Џејмс Камерон, треба да излезе кон крајот на годината.