Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул, ги отфрли тврдењата на неговиот колега Пеп Гвардиола дека неутралните навивачи го поддржуваат тимот од „Енфилд“ а не Манчестер сити во трката за титулата во англиската фудбалска Премиер лига.
Гвардиола го изјави ова веднаш откако неговиот тим го победи Њукасл со 5-0, освојувајќи три бода повеќе од Ливерпул на врвот на табелата со три натпревари до крајот.
Менаџерот на Сити рече дека е „природно” луѓето да сакаат да видат успешен тим со историја на Ливерпул. Клоп одговори дека тоа не е чувството што го добива кога одат на други места.
– Јас живеам во Ливерпул и да, многу луѓе овде сакаат да ја освоиме лигата, тоа е вистина, но дури и овде тоа е само 50 отсто. Не знам дали цела земја навива за нас, немам таков впечаток кога одиме да играме натпревари, напротив. Можеби тој знае повеќе за тоа од мене, рече Клоп.