Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ му се одмази на рускиот ривал Аслан Карацев за поразот на неговиот домашен турнир во Белград, со релативно лесна 6:3/6:2 победа во второто коло на Мастерсот во Рим.
Во јубилејниот 70. меч на „Форо Италико“, Ѓоковиќ стигна до својата 60. победа, откако во првиот сет двапати направи брејк и покрај слабите 50 отсто реализацијана прв сервис, за во вториот да го крене темпото и да стигне до 4:0 водство.
Следен за Ѓоковиќ во Рим е подобриот од мечот на неговиот српски сонародник Ласло Ѓере и повратникот на АТП турнејата, трикратниот гренд слем шампион Стен Вавринка.