Бостон како гостин го совлада Милвоки (116:108) во полуфиналната серија на Источната конференција од кошаркарската НБА лига и израмни на 2:2 во победи, во серијата кој прв до четири триумфи. На Западот, Голден стејт беше подобар од Мемфис (101:98) и дојде на чекор до пласман во конференциското финалето поведувајќи со 3:1 во победи.


Стеф Кари со 32 поени, но со лош шут за три поени (4 од 14) беше лидер на Голден стејт во домашниот тиумф против Мемфис, во чиј редови најрасположен беше Џексон со постигнати 21 поен. Петтиот натпревар се игра во ноќта меѓу среда и четврток во Мемфис.