Номинациите за 75. доделување на престижните театарски награди „Тони“ беа откриени во понеделникот и содржеа некои изненадувања околу тоа кој ќе присуствува на настанот во „Радио Сити Хол“ овој јуни. Ниту ѕвездата на „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер (57), ниту нејзиниот сопруг Метју Бродерик (60) не добија номинација за нивните изведби во претставата Plaza Suite, која неодамна се соочи со проблеми откако и двајцата се заразија со коронавирусот.
Бонд-ѕвездата Даниел Крег (54) исто така не доби номинација за улогата Магбет во истоимената Бродвејска претстава, додека неговата колешка Рут Нега е номинирана за најдобра актерка во главна улога во претстава за улогата Лејди Магбет.
Бини Фелдштајн е игнорирана за многу пофалената улога во „Смешна девојка“ (Funny Girl), која можеше да ѝ обезбеди признание во категоријата Најдобра актерка во мјузикл. Фактот што ја нема меѓу номинираните не е изненадување со оглед на неповолните рецензии што ги доби римејкот, коментираат медиумите.
Ѕвездата на „Вил и Грејс“, Дебра Месинг, изостана на листата за нејзината нова драма „Роденденски свеќи“ (Birthday Candles), и покрај ветувачките рецензии.
Сепак, на церемонијата нема да недостасуваат таленти бидејќи главните ѕвезди, вклучувајќи ги Хју Џекман и Сатон Фостер и Сатон Фостер (The Music Man), Били Кристал (Mr. Saturday Night) и Сем Роквел (American Buffalo) сите се најдоа на листата номинирани.
Церемонијата на годинешните награди „Тони“, театарски еквивалент на филмскиот “Оскар“, кои ги доделува Американското театарско крило и Лигата на американски театри и продуценти, ќе се одржи во „Радио Сити Мјузик Хол“ во Њујорк Сити на 12 јуни.