Боксерската легенда Мајк Тајсон нема да сноси никакви последици за инцидентот од пред 20 дена во авионот на пат за Флорида, кога претепа еден патник.
Сепак, Железниот Мајк во овој случај бил жртва на малтретирање од дотичниот Мелвин Таунсенд.
На видеото се гледа како Тајсон се одмара на предното седиште, додека патникот не престанува да му досадува. Првично беше фотографиран со него, но откако испи неколку пијачки се вжешти. Потоа, од дотичниот човек се слушнале навредливи зборови кон 55-годишната легенда.
Тензијата се зголемува кога Тајсон е погоден со шише вода. Очекувано му откажуваат нервите и го удира патникот. При слетувањето на авионот, патникот одбил да соработува со властите. И двајцата беа испрашани и пуштени.
Обвинителите одлучија да не покренат обвинение против Мајк Тајсон. Адвокатот Стивен Вагстоф дури пресуди дека неговата канцеларија има многу потешки случаи за справување.