Македонските ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на реванш дуелот меѓу Кил и ПСЖ, во рамките од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Четвртфиналните пресметки меѓу екипите кандидати за пласман на завршниот фајнал фор во ЛШ што ќе се игра во Келн почнуваат денеска и во Париз ќе се сретнат ПСЖ и Кил.
Реваншот помеѓу Кил и ПСЖ што ќе го судат македонските судии ќе се игра пред повеќе од 10.000 гледачи во „Вундерино Арена” во Кил на 19 мај.