Таика Ваитити откри дека Натали Портман ќе ја видиме во поинакво светло во претстојниот филм „Тор: Љубов и молња“.
40-годишната актерка ќе ја повтори улогата на Џејн Фостер, која сега е Mighty Thor (моќниот Тор) во претстојниот блокбастер за суперхерои, а режисерот сака таа да преземе многу поголема улога отколку што имаше во претходните филмови во серијалот.
Во интервју за магазинот „Емпајр“, режисерот рече: „Не сакате Натали да се врати и да го глуми истиот лик. Тор обично лета наоколу, а Џејн е оставена на Земјата и го чека да се врати назад. Тоа е досадно, таа треба да биде дел од авантурата.“
„Натали е навистина духовита во реалниот живот. Таа има одлична смисла за хумор и мислам дека тоа не беше доволно искористено во првите филмови.“