Славниот готвач Марио Батали прогласен за невин за сексуално вознемирување

Марио Батали, славниот готвач кој некогаш беше на врвот на мултимилионска компанија за храна и водеше дневно ТВ-шоу, прогласен е за невин за непристоен напад и сексуално вознемирување.

Обвиненијата произлегоа од тврдењето на една жена дека Батали ја допирал во бар во Бостон во 2017 година.

Судијата Џејмс Стентон од Општинскиот суд во Бостон ја донесе пресудата во вторникот, по дводневниот процес  што се фокусираше на сведочењето на Натали Тене (32), која рече дека Батали насилно ја бакнал и зграбил во текот на селфи-сесија во бостонски бар во април 2017 година.

„Никогаш претходно не ме допиреле така,“ сведочеше таа, „ме зграби меѓу нозете за да ме доближи до него, како тоа да е нормален начин на однесување“.

Според судијата Стентон, како што пренесува „Њујорк тајмс“, однесувањето на Батали не доликува на јавна личност од неговиот статус, но Тене има значајни проблеми со кредибилитетот што го поддржуваат тврдењето дека нејзиниот мотив е финансиска добивка.

Треба да знаете
Последни објави