Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков од следната сезона ќе го носи дресот на Динамо Букурешт, објавуваат романскиот медиуми.
Крилото треба да биде едно од неколкуте големи засилувања за тимот што го предводи шпанскиот стратег Чави Пасквал. Според романски „ГСП“, Македонецот ќе биде едно од засилувањата на Динамо кој ги потврди ангажманите на Станислав Кашпарек, Али Зеин, Андри Акименко и голманот Александру Букатару, додека во наредниот период тоа треба да биде направено со Мансков, Лазар Кукиќ од Бенфика и Жоао Педро Силва.
Манасков по завршувањето на оваа сезона го напушта Веспрем каде мина пет години. Со унгарскиот гигант ја освои титулата во сезоната 2018/2019, двапати ја освои регионалната СЕХА лига и еднаш Купот на Унгарија. Сезонава поради тешката повреда на коленото и хирушката интервенција малку настапуваше за унгарскиотн Веспрем, а не беше дел и од македонската репрезентација на ЕП-2022.
Манасков (29 г.) во својата кариера настапуваше и за екипите на Металург, Вецлар, Вардар и Рајн-Некар Левен.