Андреа Коевска која на втората полуфинална вечер на „Евровизија“ настапи со песната „Circles“ на Александар Масевски, не се пласира во големото финале закажано за в сабота, 14. мај.
Нашата претставничка Андреа имаше моќен настап со одлична изведба на песната со многу емоции.
Во финалната вечер влегоа Белгија, Чешка, Азербајџан, Полска, Финска, Естониија, Австралија, Шведска, Романија и секако, Србија, која се смета за кандидат и за висок пласман.