„Светот Јура: Доминион“, еден од филмските серијали создаден од Стивен Спилберг, се враќа на големото платно во јуни оваа година. Актерите Сем Нил, Џеф Голдблум и Лора Дерн ќе ги репризираат своите поранешни улоги, како и Крис Прат и Брајс Далас Хауард, кои се појавија во претходниот дел од трилогијата.
Новиот филм за светот во кој доминираат диносаурисите е еден од најголемите долгоочекувани хитови во киносалите. По повеќе одложувања во екот на пандемијата, премиерата на научнофантастичниот блокбастер е закажана за 10 јуни.