Актерката од ТВ-серијата „Доктор Стрејнџ“, Зара Фитијан, и нејзиниот сопруг, инструктор по теквондо, Виктор Марк, се соочуваат со затвор кога беа прогласени за виновни за сексуална злоупотреба на 13-годишно девојче.
Поротниците на Крунскиот суд во Нотингем ја прогласија Фитијан за виновна по 14 точки од обвинението за сексуална активност со дете извршена помеѓу 2005 и 2008 година – кога жртвата била во раните тинејџерски години.
Марк исто така беше осуден за истите 14 кривични дела, како и обвинението за непристоен напад во врска со друга малолетна девојка, што ја вознемирувал најмалку осум пати помеѓу 2002 и 2008 година.
Двојката ги негира обвиненијата. На крајот на судскиот процес, кој траеше 12 дена, и двајцата беа прогласени за виновни.
13-годишната тинејџерка, која сега има 30 години, пред судот рече дека Фитијан ја принудувала на сексуална активност со нејзиниот сопруг Виктор Марк. Злоупотребата продолжила сè додека не наполнила 18 години.