Судискиот комитет на УЕФА го назначи Клемент Турпин да го суди финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2022 година помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, што ќе се одржи на „Стад де Франс” во Сен Дени, Франција, во сабота на 28 мај во 21 часот.
Турпин е меѓународен судија од 2010 година, а ова за него претставува прво финале во Лигата на шампионите на УЕФА, откако беше четврти судија во финалето во 2018 година.
Оваа сезона тој судеше седум натпревари од Лигата на шампионите на УЕФА од плеј-оф рундата, вклучувајќи го и првиот четвртфинален натпревар помеѓу Челзи и Реал Мадрид.
Минатата сезона тој го судеше финалето на УЕФА Лига Европа.
На Турпин ќе му помагаат сонародниците Николас Данос и Сирил Грингор, додека, четврт судија ќе биде уште еден Французин, Беноа Бастиен. Улогата на ВАР му е доделена на Жером Бризар (Франција), а ќе му помагаат Вили Делаж (Франција) и двајца Италијанци, Масимилијано Ирати и Филипо Мели.