Српскиот кошаркарски интеранционалец во најсилната лига на светот- НБА, Никола Јокиќ втора сезона по ред е прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната. Второто признание за МВП играч, овојпат му е доделено на несокојдневен начин, пред неговата ергела во Сомбор.
Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, генералниот директор, Келвин Бот и сопственикот на клубот, Стен Кроенке го пречекаа Јокиќ со наградата пред шталата за коњи. Јокиќ кога го виде гестот не можеше да ги сокрие емоциите, со солзи во очите се поздравуваше со присутните додека во позадина имаше жива музика.
-Тешко ми беше да поверувам дека воопшто ќе станам кошаркар, а не дека ќе играм во НБА и двапати ќе бидам прогласен за МВП. Сега не размислувам на награди, но еден ден кога ќе бидам стар, дебел и намуртен, ќе им раскажувам на моите деца дека порано добро играв кошарка. Сите знаат дека сум истата личност и се надевам дека ова нема да ме смени во иднина, изјави Јокиќ.
Коњите се најголемото хоби на Јокиќ, тој секој слободен момент од обврските во НБА-лигата го користи да се дружи со своите љубимци во Сомбор.
We’ve got a party in Serbia???????????? pic.twitter.com/aY5pSlpViK
— Denver Nuggets (@nuggets) May 12, 2022
Surprise in Sombor✈️???????? We flew to Serbia to surprise the BACK-TO-BACK MVP! And, wow, this moment was special. pic.twitter.com/aFvIEDgnSj
— Denver Nuggets (@nuggets) May 11, 2022