Актуелниот бранител на трофејот Вардар 1961 обезбеди пласман во финалето на Македонскиот ракометен куп, откако попладнево во Кавадарци го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 28-24 (13-11).
Вардар резултатски го контролираше натпреварот во салата „Јасмин” и заслужено се пласираше во финалето во кое ќе се обиде да ја освои 15. куп титула во клупската историја.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Тимур Дибиров со десет и Филип Талески со девет голови.
Противник на „црвено – црните” во битката за трофејот ќе им биде победникот од второто полуфинале меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел.
Ракометното финале во машка конкуренција е на програмата в недела во салата „Јасмин” во Кавадарци.