Тимот на Борнмут, кој е од следната сезона член на Премиер лигата испрати официјална понуда за дефанзивецот на Ливерпул, Натаниел Филипс.
Филипс веќе одигра сезонава како позајмен фудбалер во Борнмут, па менаџментот олигледно презадоволен од неговите изведби одлучи да го задржи. Понудата гласи на седум милиони фунти, а според медиумите, Ливерпул не би требало да прави проблем на оваа тема.