Капитенот на Крајова во стилот на Зидан го удри Ашковски

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски имаше жесток дуел во Купот на Романија, кој наликуваше на легендарниот клинч меѓу Марко Матераци и Зинедин Зидан.

Во Купот на Романија играа Универзитатеа и Сепси, а во финишот се создаде тензија. Никушор Банку ги загуби нервите и го удри со глава во телото македонскиот интернационалец, по што доби црвен картон.

На крајот, Ашковски излезе како победник, а и неговиот тим Сепси се пласира во финалето на Купот на Романија каде ќе се сретне со Волунтари.

 

Треба да знаете
Последни објави