Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски повторно се поврзува со тренерска работа на Кипар. Тој е во најтесниот избор за нов тренер на АЕЛ Лимасол, откриваат кипарските медиуми.
АЕЛ се раздели со досегашниот стратег Пантелидис, а во опција за нов шеф на стручниот штаб се Македонецот Јаневски и Португалецот Силас, кој е поранешен тренер на Спортинг Лисабон.
Чедомир Јаневски се уште е асистент во стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Јужна Африка.