Англискиот репрезентативец и фудбалер на Челси, Мејсон Маунт не успеа да го добие ниту шестото финале на „Вембли“, откако неговиот тим загуби на пенали од Ливерпул, а за да биде уште потрагично тој промаши важен удар од белата точка.
Маунт во 2019 година играше плејоф со Дерби каунти против Астон вила и загуби со 1-2, а потоа загуби и финале во ФА-купот во 2020 година, кога Челси беше поразен од Арсенал.
Една година подоцна во финалето на „Вембли“ загуби од Лестер сити, а потоа со англиската репрезентација на истиот стадион загуби од Италија.
Тоа не беше крајот затоа што Маунт со Челси беше поразен од Ливерпул во Лига Купот, а потоа и во ФА-купот на „Вембли“, а „сините“ станаа прв тим во Англија кој загубил три финалиња во тоа натпреварување по ред.
Mason Mount has played in six finals at Wembley:
???? 2019 EFL Play-offs
???? 2020 FA Cup
???? 2021 FA Cup
???? 2021 Euros
???? 2022 EFL Cup
???? 2022 FA CupHe’s cursed. ???? pic.twitter.com/xFznd6I7g9
— Squawka (@Squawka) May 14, 2022