Роберт Левандовски конечно јавно се огласи за својата иднина и отворено призна дека сака да направи трансфсер од Баерн Минхен, па сега останува клубот да му ја исполни желбата и да пронајде договор кој ќе ги задоволи двете страни.
По мечот меѓу Волфсбург и Баерн Минхен беше потврдено дека Роберт Левандовски сака да си замине од германскиот шампион.
Средбата против Волфсбург му го донесе 50. гол на Левандовски оваа сезона, а тој се очекува да биде последен во дресот на баварскиот гигант. Откако заврши мечот Левандовски замина кај навивачите за да се поздрави кај нив, па им аплаудираше и гледаше во нив, а падна и по некоја солза.
„Нема да потпишам нов договор. Во моментов бараме решение за двете страни. Му кажав на клубот дека сакам да заминам ако дојде интересна понуда“, кажа Левандовски.
Левандовски од Баерн заминува со 21 освоен трофеј и голем број индивидуални награди.
Според германските медиуми, Полјакот веќе ги известил Баерн дека сака да замине и дека не планира да го продолжува договорот. Барселона е подготвена за договор и наводно веќе има подготвено тригодишен договор со Полјакот и се чека на одлука на Баерн.
Lewandowski saying goodbye? ???? pic.twitter.com/0maI9nNAjg
— ESPN FC (@ESPNFC) May 14, 2022