На едно коло пред крајот на сезоната во хрватскиот фудбалски шампионат екипата на повеќекратниот првак Динамо Загреб ја обезбеди и 23. титула. За Динамо ова е петта титула во низа, а 16-та во последните 17 години. Оваа доминација на „модрите“ ја прекина Риека во 2017 година.
Екипата на македонските репрезентатативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои го одиграа целиот меч на гостувањето кај Шибеник и победија 2:0 со четири бода пред второпласираниот Хајдук Сплит ја завршија трката.
Во последното коло на 21 мај на „Максимир“ пресметката на овие две екипи ќе биде само за меѓусебен престиж на лутите ривал.
За Адеми ова беше јубилејна 20 титула со клубот, најтрофеен во историјата на Динамо.