Интер победи на гостувањето против Калјари (1:3) и ја одложи промоцијата на градскиот ривал Милан во нов фудбалски шампион на Италија. Во последното коло Милан ќе влез со два бода предност и подобар скор во меѓусебните дуели од градскиот ривал, па за да го освојат скудето ќе им биде доволно и реми на гостувањето против Сасуоло. За Интер нда јуа одбрани титулата наредниот викенд има само една опција, триумф на домашен терен против Сампдорија и „кикс“ на Милан против Сасуоло.
Фудбалерите на Калјари беа видно мотивирани бидејќи овој меч беше многу важен во нивната битка за опстанок, но тимот од Сардинија не успеа да го изненади Интер. Дармијан го отвори резултатот во првото полувреме, а на самиот почеток од вториот дел на 2:0 зголеми Лаутаро Мартинез. Домаќинот намали преку Ликојанис, а Лаутаро Мартинез со вториот погодок на средбата го постави конечниот резултат.