Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџјан Алиоски се најде во тимот на сезоната во првенството на Саудиска Арабија. Алиоски во дресот на Ал Ахли влезе во историјата на тамошниот фудбал, бидејќи директно учествувал во постигнување на 14 погодоци (заедно со головите и асистенциите), со што е најефикасниот бек во Саудиска Арабија.
Алиоски се најде во друштво на Аргентинецот Банега, српскиот голман Стојковиќ, Бразилците Енрике, Талиска, Ромарињо, Нигериецот Игало, Куева од Перу, Хегази од Египет и Шефаи од Алжир.